Колачиња и Google Analytics
Без ваша согласност сајтот не става колачиња (cookies).
Ако кликнете „Accept“ (Прифати), користиме Google Analytics 4 со аналитички колачиња, за да имаме независна статистика за посетеноста (колку посетители, од кои земји и уреди, кои страници се читаат). Google ги обработува овие податоци според своите услови за обработка на податоци; IP-адресите во Google Analytics 4 не се зачувуваат. Не користиме колачиња за реклами ниту за персонализирани реклами.
Ако кликнете „Reject“ (Одбиј), не се става ниту едно колаче. Google Analytics тогаш добива само анонимни сигнали без колачиња, кои не можат да ве препознаат.
Изборот можете да го смените во секое време преку „Поставки за колачиња“ најдолу на секоја страница.
Што се чува во вашиот прелистувач
Само поставки што вие ги избирате, за да не мора да ги бирате секој пат:
- Тема: светла или темна.
- Место за времето и воздухот, на пример Скопје · Карпош.
- Време на последниот рекламен банер преку цела страна, за да не ви се прикажува почесто од еднаш на 12 часа.
- Вашиот избор за колачињата, за да не ве прашуваме на секоја страница.
Тие остануваат само на вашиот уред (localStorage) и никогаш не ни се испраќаат. Можете да ги избришете преку поставките на прелистувачот.
Статистика на посетеност
За да знаеме колку луѓе го читаат сајтот, бележиме анонимна статистика:
- која страница е отворена и кога;
- од кој сајт сте дошле (на пример Google или Facebook);
- земја и град, приближно, пресметани од IP-адресата во моментот. Самата IP-адреса не се зачувува.
- вид на уред (мобилен, компјутер, таблет);
- на кои вести кликате, за да знаеме кои се најчитани.
За броење посетители користиме код што се менува секој ден и не може да се врати во IP-адреса. Затоа не можеме да ве препознаеме ниту да ве следиме од ден на ден. Податоците остануваат кај нас и не се даваат на никого.
Моја локација
Копчето „Моја локација“ бара дозвола од прелистувачот. Локацијата се користи само во вашиот прелистувач за да се избере најблиското место. Не ни се испраќа и не се зачувува.
Вести и слики
Насловите, кратките описи и сликите се од изворните медиуми. Кога ќе кликнете на вест, се отвора сајтот на медиумот, кој има свои правила за приватност и колачиња.
Извори на податоци
- Квалитет на воздух: pulse.eco
- Временска прогноза: Open-Meteo
- Курсна листа: Народна банка на Република Северна Македонија
- Цени на горива: Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)
- Сурова нафта: oilprice.com
- Локација од IP: IP Geolocation by DB-IP (CC BY 4.0)